ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Разобличени лагите на Заев и Димитров: Допис кој докажува дека по нивниот договор престанавме да бидеме Македонци

Разобличени лагите на Заев и Димитров: Допис кој докажува дека по нивниот договор престанавме да бидеме Македонци

1 мин читање

Министерството за надворешни работи синоќа испрати Вербална нота до грчкото Министерство за надворешни работи, со која го информира дека се исполнети  сите законски услови пропишани со Преспанскиот договор за ставање крај на деценискиот спор за името. Во нотата има и објаснување што значи Македонец и македонски јазик.

Писмото е потпишано е од министерот за надворешни работи Никола Димитров и во него се потврдува дека македонско, македонски, macedonian не се етничка или национална припадност туку само државјанство.

Македонија со писмото до грчката страна се согласила означувањето за nationality во кое ќе стои macedonian/citizen of North Macedonia согласно Преспанскиот договор да се однесува исклучиво на државјанство, а не на националност или етничка припадност.

Во документот Димитров на своите партнери во Атина им пишува дека и формално прифаќа дека „македонско“ или macedonian нема да означува националност, туку државјанство.

„Во духот на договорот терминот националност на Втората страна дефинирана во член 1 (3) (б) од Договорот како „Македонци/граѓани на Република Северна Македонија“ се однесува само на државјанството, а не го дефинира или однапред ja определува етничка припадност, етникумот како што e тоа пропишано во член 2 (2) од Уставниот закон за примена на амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија“.

Во член 1 (3) (б) од Договорот од Преспа пишува дека „националноста на Втората страна ќе биде Македонци/граѓани на Република Северна Македонија, како што ќе биде запишано и во патничките документи“.

Во нотата се појаснува и тоа дека македонскиот јазик е официјален јазик на земјата признат како официјален на конгрес на ОН во Атина во 1977 година.

Ана Дукоска е Македонка, родена во Охрид, а живее воВашингтон. Таа е Македонката што го победи грчкото лоби во американскиот Конгрес. Таа на својот Фејсбук профил го објави писмото кое Димитров му го испратил на Ципрас непосредно по објавувањето на Договорот од Преспа во Службен весник.

„Повелете луѓенца. Зациментиран идентитет баш како што “гарантираа” Зоран Заев и Никола Димитров:

1. “Терминот “Националност” на втората странка дефиниран во договорот како “Македонско/Граѓанин на Северна Македонија” се однесува ексклузивно само на државјанство, но не и на ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ”

2. “Македонскиот Јазик” се однесува на официјалниот јазик на втората странка, признаен на третата конференција на ОН за стандардизација на географски имиња, оддржана во Атина во 1977ма година, кој спаѓа во групата на Јужно-Словенски јазици” – што ќе рече со фуснота, баш исто како што ги објавивија законот за јазици и Преспа во Службен весник со нотарска фуснота“-напиша таа.View image on Twitter

View image on Twitter

MFA Macedonia @MFA_Macedonia

Press release:799:02 PM – Jan 16, 201951 people are talking about thisTwitter Ads info and privacy

Грчкиот премиер Алексис Ципрас за време на расправата во грчкиот парламент за довербата на неговата влада пред пратениците ја прочита нотата со дообјаснувањето од Димитров.

Соседите освен што известуваат, имаат и толкувачка изјава, односно ги појаснуваат деловите поврзани со јазикот и државјанството. Што појаснуваат нашите соседи во овој текст што е правно обврзувачки и ги повторува обврските што произлегуваат од договорот? Прво, дека терминот nationality  се однесува исклучиво на државјанството и не го дефинира или сугерира прашањето на националноста. И второ, дека јазикот на нашите соседи, како што е споменато во договорот и е признат на конференцијата на ОН во 1977 година, припаѓа на групата јужнословенски јазици, рече Ципрас.

На крајот, македонската влада и понатаму тврди дека со договорот се бетонира македонскиот национален идентитет.