Ракометарките на Македонија до 19 години на ЕХФ шампионатот стартуваа со победа
1 мин читањеРепрезентацијата на Македонија за ракометарки до 19 години го стартуваше настапот на ЕХФ-шампионатот што се одржува во Скопје со победа, откако вчера лесно и убедливо ја совладаа селекцијата на БиХ со резултат 39-28.
Цврстата одбрана беше клучен фактор, од неа произлегоа бројни лесни голови на спротивната страна за лесна победа на стартот од овој шампионат.
Македонија е слободна на утрешниот дел од шампионатот, а нашите ракометарки в понеделник ќе го играат својот втор меч, против селекцијата на Фарските Острови.
Миновска со десет гола беше најпрецизна во нашиот табор, осум постигна Коларовска, седум имаше Јанкуловска, а Ризоска натпреварот го заврши со шест гола.