ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Раскол во СДСМ Битола, граѓаните бараат оставка од градоначалничката Наташа Петрова

Раскол во СДСМ Битола, граѓаните бараат оставка од градоначалничката Наташа Петрова

Битолчани се разочарани од градоначалничката Наташа Петрова, покажува последната анкета на ТВ 24 вести од Широк Сокак. Тие велат дека градоначалничката во предизборието им ветувала многу решени проблеми за Битолчани, а сега им останале само нејзините неисполнети ветувања.

Дури и граѓаните од редовите на СДСМ се против Наташа Петрова. Имено, во видеото се појавува и таткото на претседателот на ОО на СДСМ Битола, Методија Тасевски. Тој вели дека Петрова треба да си даде оставка. „Да си даде оставка. Нема ништо направено во градов“, вели таткото на претседателот на СДСМ во Битола.

Битола за време на владеењето на СДСМ и градоначалничката Петрова е еден од градовите со најниска комунална хигиена, несреден Клинички Центар и недоправени улици. Граѓаните се жалат на сиромаштија и на невработеност. Тие велат дека Битола е уништена: „Беспарица и уништена Битола, веќе ништо немаме во Битола“, вели една госпоѓа од испитаниците.