ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Растат трошоците за живот, на годишно ниво повисоки за 1,5 отсто

1 мин читање

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика индексот на трошоците на животот во октомври 2018 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.3, а индексот на цените на мало 100.4 односно има зголемување за 0.3 % кај трошоците за живот додека кај индексот на цени на мало зголемување од 0,4 %.

Пораст на индексите на трошоците на животот во октомври 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 4.3 %, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 1.8 %, замрзнатото овошје за 1.1 %, другите прехранбени производи за 0.8 %, рибата и морските плодови за 0.7 %, трбушките, јогуртот за 0.5 %, конзервираното овошје за 0.4 %, лебот и житата и алкохолните пијалаци за 0.2 %.

Во октомври 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај гасот за домаќинствата за 6.6 %, течните горива за домаќинствата за 6.0 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 4.4 %, обувките, услугите за сместување за 2.7 %, ветеринарните и другите услуги за домашни миленици за 1.4 %, туристичките пакет-аранжмани за 1.1 %, лековите за 0.8 %, облеката за 0.7 %, цврстите горива за 0.5 %, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 0.4 %, услугите за култура за 0.3 %, другите медицински производи, информатичката опрема, накитот и часовниците за 0.2 %.

Индексот на трошоците на животот во октомври 2018 година, во споредба со октомври 2017 година, забележа пораст од 1.5 %, а индексот на цените на мало забележа пораст за 2.7 %.

Ваквата состојба според експертите е алармантна посебно ако се земе фактот дека платите рално не растат додека трошоците за живот константно. На ваков начин се зголемува сиромаштијата која е огромна во Р.Македонија и секој ден се зголемува. Имено, според податоците повеќе од 460 илјади граѓани живееле на прагот на сиромаштијата во 2017 година.

Сиромаштијата се повеќе зема замав во земјава и се повеќе луѓе едвај имаат средства за основна егзистенција.  Според експертите Владата нема конкретни мерки за борба со сиромаштијата и таа од ден на ден се повеќе се зголемува. Македонија има меѓу  најголемите   стапки на  сиромаштија како во регионот така и во Европа што според експертите е  загрижувачки податок.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0