ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Рекол „срамота“ и си заминал: Како Стоилов ја напушти манифестацијата поради зборување на албански јазик?

1 мин читање

Kапитенот на Вардар, ракометарот Столе Стоилов, демонстративно стана и си замина од манифестацијата „Спортист на годината“, која ја организира Агенцијата за млади и спорт.

Причина за ова е фактот што манифестацијата е двојазична, односно за првпат се користи и албанскиот јазик.

Тоа го налутило пикерот на црвено-црните, па Стоилов изреволтиран си заминал од салата.

Стоилов станал и си заминал- демонстративно ја напуштил манифестација која за првпат е двојазична.

-Се чувствувам засрамено и понижено, се пожалил искусниот ракометар во вибер-групата на репрезентативците кои се сместени во хотелот во кој се одржа манифестацијата.

Видеото од неговото заминување, го објави порталот ЕКИПА

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0