ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Ројтерс: Груевски доби азил во Унгарија

Никола Груевски доби азил во Унгарија, пренесе агенцијата Ројтерс повикувајќи се на унгарски медиуми блиски до власта.

Медиумот, без да ги именува своите извори, открива дека унгарската канцеларија за имиграција и азил утврдила дека се исполнети законските услови за доделување на барање за азил.

Според текст објавен на унгарскиот портал Тајмс:

„Канцеларијата за имиграција дошла до заклучок дека враќањето на Груевски во неговата земја ќе биде предмет на прогон на власта во неговата земја, поради неговото политичко минато и мислење и обвинувањата од новата влада.“

Ексклузивната информација на Унгарски тајмс, ја пренесуваат сите унгарски медиуми, меѓутоа тие потенцираат и оти ваквата информацијата ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат од Канцеларијата за имиграција со образложение дека оттаму можат да му дадат таква информација само на засегнатото лице, во случајот Груевски, и на Комесаријатот за бегалци на Обединетите нации.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0