ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Русија се обидува да почне мировни преговори во Авганистан

1 мин читање

Претставникот на рускиот претседател Владимир Путин, Замир Кабулов, денеска изјави дека Москва ќе се обиде да почне мировни разговори меѓу Владата на Авганистан и талибанците, бидејќи Русија смета дека САД доживеале неуспех во Авганистан.

-Западот ја загуби војната во Авганистан, рече Кабулов, додавајќи дека САД и нивните сојузници не успеале да ги поразат талибанците.

Според него, присуството на САД и НАТО не само што не успеало да го реши проблемот, туку и го зголемило.

Кабулов денеска ги собра претставниците на Владата во Кабул и Талибанците, велејќи дека тоа е скромен прв чекор кон мировни преговори.

Според него, Русија има за цел да придонесе за мирот во Авганистан, бидејќи конфликтите во таа земја ги загрозуваат руските интереси во Централна Азија.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0