ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Сакајте ги луѓето додека се живи, а не кога ќе си заминат од овој свет

Дали навистина е важно кој е посилен, попаметен, подобар или побогат?

Колку ги забележуваме луѓето околу себе кои ни даваат љубов? Колкаво внимание им обрнуваме на нашите родители? Колку ја забележуваме болката на оние кои ни се блиски?

Сакајте ги луѓето додека се живи и додека се меѓу вас.

Размислете колку вредат кавгите со вашите најблиски, колку вредат лошите и груби зборови и лутењето. Дали е најважно да покажеме колку сме паметни и моќни и да ги понижиме другите, или пак е поважно да им дадеме љубов? Дали е поважно да им пресудиме и да донесеме одлука за тоа што го прават, отколку да ги прашаме зошто го прават тоа.

Сакајте ги луѓето додека се живи, не кога ќе умре. Кога ќе ја прекинете комуникацијата со некоја личност, размислете дали можете да живеете без неа? Дали морате во таа кавга да излезете како победници, или поважно е да се потрудите да ги сфатите и да им простите?

Дали навистина е важно кој е посилен, попаметен, подобар или побогат?

Сакајте ги луѓето додека се живи, не им требаат вашите убави зборови кога тие веќе нема да бидат на овој свет. Не им требаат букети со цвеќиња. Им треба сега нежен поглед, допир, прегратка. Тоа што не им го давате додека се живи, не треба ни да им го давате кога ќе ги снема од овој свет.

Погледнете околу себе, развеселете ги вашите блиски. Не го чекајте моментот да биде предоцна. Ако можеби нешто ви направиле, потрудете се да сфатите зошто го направиле тоа или да поразговарате искрено со нив.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0