ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Магазин > Самсунг го развива „совршениот“ екран за паметни телефони

Самсунг го развива „совршениот“ екран за паметни телефони

1 мин читање

Совршениот екран на Самсунг ќе ја прекрива целата предна површина на паметниот телефон, нема да има ниту “Notch”, ниту пак дупка каде што ќе биде сместена, туку селфи камерата ќе биде интегрирана под самиот екран.

Дизајнот на паметните телефони се промени во изминатите години, а откако Apple за прв пат го претстави засекот на горниот дел од екранот, или таканаречениот “Notch”, голем број на производители започнаа да го следат тој чекор.

Самсунг од друга страна со Galaxy S10 серијата ја претстави својата визија на “Notch” – сечење на мало дупче на екранот каде што е сместена селфи камерата, додека некои други производители, во настојување да понудат што е можно поголема покриеност на екранот на предната страна од телефонот, претставија и решенија како камера која механички излегува од телефонот или лизгачки механизми.

Јужнокорејската компанија сега сака да направи еден чекор понапред – наместо засек или дупка во екранот, да развие сосема нов „совршен“ екран кој ќе се простира низ целата предна површина од телефонот, а селфи камерата ќе биде сместена под самиот екран.

„Технологијата во иднина и натаму ќе напредува и можно е во иднина предната камера целосно да биде сокриена под екранот, односно ќе биде невидлива кога ќе се гледа во екранот, а притоа ќе ги има сите можности како и денешните селфи камери. Оваа технологија и совршените екрани не треба да ги очекувате во текот на идните година-две“, изјави претседателот на одделот за истражување и развој во Самсунг, Јанг Бјунг-Дук.

Така, екраните на паметните телефони за неколку години ќе ја зафаќаат целата предна површина на телефонот. Сензорот за отпечатоци на прсти ќе биде интегриран под екранот, селфи камерата исто така ќе биде под екранот, а самиот екран ќе го замени и звучникот.