ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Свекор ми почина од преплет црева, а не од Ковид 19 и за скапиот погреб барам Обвинителството да постапува!

Свекор ми почина од преплет црева, а не од Ковид 19 и за скапиот погреб барам Обвинителството да постапува!

1 мин читање

Семејството на 78-годишниот Димитар Тодоров од Кавадарци, не можело ниту да претпостави дека по неговата смрт ќе го добие телото во залемен лимен саркофаг, ,,спакувано” по протокол за коронавирус, а уште помалку дека до Основното јавно обвинителство ќе достави пријава за измама, објавува Слободен Печат.

Причината поради која што ова за нив било неочекувано е тоа што човекот немал коронавирус, што се гледа и од отпусното писмо од болницата 8 Септември, а доказ за тоа е и фактот што на погребот имало повеќе од 20 присутни, никој од семејството не е во изолација ниту пак било кој е носител на вирусот.

Снаата на покојникот Јасминка Ѓоргиева, по професија дипломиран правник решила дека нема да остави случајот да помине туку така, туку дека правдата ќе ја бара во правосудниот систем.

Таа за Слободен печат тврди дека воопшто на семејството не му било дозволено да одбере ковчег, дека е одбран скап ковчег и дека севкупната сума на погребалните услуги е поголема од сметките за погреб на оние кои што навистина починале од коронавирус и за кои навистина бил потребен овој протокол со два сандака.

Последните денови од својот живот 78 годишниот Тодоров ги поминал барајќи помош од болница во болница за болките што ги чувствувал во стомакот. Од кавадаречката општа болница бил препратен прво на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје, а оттаму со брза помош како итен случај го однеле во болницата 8 Септември. На лекарите им дал податок дека пред неколку години имал операција на стомакот, дека прима лекови за срце и дека има хронична белодробна опструктивна болест. Во отпусното писмо кое што семејството го добило од болницата пишува дека има негативна епидемиолошка анамнеза за Ковид 19. Го внеле во операциона сала, му дале анестезија, го интубирале и го поставиле на механичка вентилација. Веднаш му опаднал притисокот и пулсот, почнале да го реанимираат, но за жал неуспешно, по што починал во 20 часот и 50 минути на 17 април.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.