ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

1 мин читање

Под мотото „Што ви се допаѓа во Црвениот крст и Црвената полумесечина”, денеска во Скопје ќе биде одбележан Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина – 8 мај.

-Во текот на целата 2019 година, ќе ја прославиме силата и моќта на нашата глобална мрежа, како и придонесот на нашиот персонал и на околу 14 милиони волонтери во светот преку мотото “# Love, # Љубов, # Dashuri”, соопштија од Црвен крст.

Оваа година имаат за цел да ги прошират знаењата за мисијата и придонесот на Црвениот крст со истакнување на разновидноста на нивната работа и универзалноста во нивниот пристап.

-Користиме едноставен повик за акција за да го споделиме еден од најпознатите универзални симболи – ©љубов. За некој погоден од непогода или криза, тоа може да значи дека постои некој кој е подготвен да помогне. Сакаме да ја искористиме моќта на овој симбол за да ја прославиме посветеноста и влијанието на Црвениот крст и Црвената полумесечина, волонтерите и вработените лица. Нашата цел е да истакнеме како Движењето ги решава хуманитарните предизвици преку оригинални, иновативни и необични пристапи, истакнуваат од Црвен крст.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0