ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

СДСМ го доведе земјоделството во целосен хаос – производителите на јаболко во Ресен и ресенско се понижени

СДСМ го доведе земјоделството во целосен хаос. Проиводителите на јаболко во Ресен и ресенско се понижени. Откупот на јаболкото се одвива  по очајно ниски цени. Еден килограм индустриско јаболко се продава по цена од половина  до еден денар.

Цена од половина денар до денар не само што е потценување на земјоделецот, туку и е мизерно. Цена од половина денар за килограм јаболко  ни од далеку не ги задоволува основните потреби ниту за одржување на овоштарниците, а не за живот и егзистенција на земјоделците.

Една јаболкница дава род од отприлика 100 килограми, по цена од половина денар за килограм предадена доаѓаме до сума од 50 денари од едно родно дрво. Почитувани господа од власта 50 денари не се доволни ни за еден литар нафта, а не пак за одржување на насадот.

Мерките на власта не даваат никакви резултат на терен. Земјоделците во очај ги фрлаат својот  род. Производителите соочени со очајно ниските цени не гледаат рентабилност поради ниските откупни цени а во револт сечат повеќе годишни јаболкници.

За ова почитувани, виновна е власта. Власта ги остави земјоделците на цедило и иако ветуваше и зелена нафта и голем број поволности, зелена нафта се уште нема за земјоделците.

Дополнително овоштарите се внесени во уште поголема загуба  со самиот факт што во текот на оваа година имаа ангажирано околу 2.500 –  3.000 работници од страна, за одржување и обработка на насадите, на кои им давале дневници или плати, пари кои очекувале дека ќе ги вратат со продажбата на јаболкото.

Илјадници семејства во  Ресен и ресенско оваа година ќе останат без основни средства за егзистенција и без средства  за понатамошно успешно одржување и подготовка на овоштарниците за идната реколта.

СДСМ  го доведе земјоделието до хаос, а земјоделците до питачки стап. СДСМ мора да си замине. Понижувањата за земјоделците мора да запрат. Македонија мора да тргне напред.

 

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0