СДСМ лицемерно поставува свежо цвеќе на споменици на борци од НОБ, а го трга АСНОМ од Преаумбулата
Денеска одбележуваме 75 години од убиството на Вита Поп Јорданова една од најистакнатите дејци и борци на Народно ослободителната борба на македонскиот народ.
Морам да истакнам дека крајно лицимерно е што претставниците на СДСМ, денес одбележувајќи го овој ден, почитувајќи го делото на Вита Поп Јорданова како и на другите дејци и борци од Народно ослободителната борба лицимерно овде пред јавноста ги почитуваат и чествуваат а во исто време во собраниска процедура се одрекуваат од АСНОМ, од борците од Народно ослободителната борба со самата промена на Преамбулата на Уставот, притоа вметнувајќи го Рамковниот договор.
Со ова уште еднаш се потврдува лицимерната и погубната политика на СДСМ.