СДСМ ја одби иницијативата за финансиски олеснувања на бранителите од Општина Ѓорче Петров учесници во конфликтот во 2001 година и нивните семејства
На вчерашната седница на Советот на општина Ѓорче Петров, мнозинството предводено од СДСМ, недемократски ја тргна од дневен ред точката по која требаше да се дискутира и одлучи за иницијативата која беше поднесена од советниците на ВМРО–ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, а со чие усвојување бранителите учесници во конфликтот во 2001 година и нивните семејства ќе добиеја одредени финансиски олеснувања во повеќе дејности.
Иницијативата беше тргната од дневниот ред со аргументација дека е незаконска и неоснована, а на прашањето зошто во некои општини е веќе изгласана и ставена во функција, општинската администрација и Наумоски едноставно немаа одговор. Патем во случајот со општина Сарај градоначалник е од редовите на владејачките партии на централно ниво поддржан од СДСМ и доколку ваквите одлуки не се законски зошто тој воопшто не е санкциониран. Ова е хипокризија и двојни стандарди.
Аргументите дека ќе биде ставена на некоја од наредните седници на Советот, не прецизирајќи кога, само укажува на тоа дека оваа категорија на луѓе, за СДСМ постојат само во предизборието. Ова е уште еден доказ дека за нив дадените ветувањата и можноста да се помогне на своите сограѓани секогаш се на последно место и е класична демонстрација на лицемерие и негрижа.
ВМРО–ДПМНЕ побара финансиско олеснување за ужинка и екскурзии во училиштата, стипендии, елаборат за легализација, ослободување од ѓубретарина, комуналии за градба и сите останати обврски кои се дел приливот на средства во Општина Ѓорче Петров.
ВМРО–ДПМНЕ при Општинскиот Комитет Ѓорче Петров нема да се откаже од намерата да им помогне на овие луѓе и сакам да истакнам дека согласно процедурите целосно ќе го сработи предлогот и сите овие барања ќе бидат вметнати во амандманската расправа за формирање на буџетот на општината за 2019 година.