ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Семејно земјоделство – одржлив модел за развој на руралните средини

Семејно земјоделство – одржлив модел за развој на руралните средини

1 мин читање

Семејно земјоделство – одржлив модел за развој на руралните средини е темата на четвртата работна сесија на Работната група 1 – Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11) на Националната конвенција за Европската Унија во Македонија.

Од Националната конвенција очекуваат отворена дебата на учесниците, меѓу кои претставници на релевантното министерството, на граѓански здруженија активни во оваа област, фармери, претприемачи и други стручни лица и експерти од оваа област од Македонија и Словачка.

На денешниот состанок обраќање ќе има и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Развојните перспективи на  земјоделството во нашата држава, но и во европските држави, се поврзуваат  со модернизацијата на семејните земјоделски стопанства за што е неопходна соодветна легислатива, институционална  и финансиска подршка.

Во согласност со методологијата на НКЕУ-МК од дебатата треба да произлезат препораки, чија цел е да се помогне во креирањето релевантни политики и легислатива, со која би се забразал развојот на овој витален дел на економијата, односно на општеството во целина.