ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести од светот > Се преврте автобус во Русија– седум лица загинаа, меѓу нив четири деца

Се преврте автобус во Русија– седум лица загинаа, меѓу нив четири деца

Страотна несреќа се случи во Русија.

Седум лица загинаа, а меѓу нив има и четири деца. Тие загинаа откако се преврте автобусот во близина на градот Калуга во Русија, кој се наоѓа околу 150 километри од Москва, соопшти руското Министерство за внатрешни работи.

ТАСС објави дека во автобусот имало 20 патници, а тој се превретел од патот.

Не се познати причините за несреќата.