ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Силјановска подготвуваше оброци за социјално загрозените семејства и ранливи категории деца

1 мин читање

Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска во Граѓанскиот штаб подготви 50 оброци за социјално загрозените семејства и ранливи категории деца.

Силјановска Давкова како што и самата во текот на изборната кампања во првиот изборен круг истакна дека ќе биде првата амбасадорка за борба со сиромаштијата, односно дека ќе биде постојано со граѓаните, бидејќи проблемите на граѓаните ќе бидат и нејзини проблеми.

Штитениците на СОС детско село веќе ги добија оброците кои ги подготвивме! Им благодарам на сите што учествуваа. Ќе се држам до заклетвата дадена пред Банка за храна дека во мојот мандат ќе работам на намалување на сиромаштијата и искоренување на гладта. Оваа акција на подготовка на храна за најранливите ќе биде традиционална откако ќе станам Претседателка. Ќе го вклучам целиот државен врв и дипломатскиот кор во земјата, додаде Силјановска Давкова.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0