ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Скандалот со странските служби и АРМ топ тема во бугарските медиуми

Скандалот со странските служби и АРМ топ тема во бугарските медиуми

1 мин читање

По информација на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, НАТО побара од Македонија да изврши кадровски промени во Министерството за одбрана, за да стане членка на НАТО. Станува збор за разрешување на голем број на лица, кои имаат високи позиции во кабинетот на Радмила Шекеринска, во Генералштабот и военото разузнавање, пишува бугарскиот портал „Епицентар“.

Порталот пишува дека врз основа на истите информации веќе пишувал и хрватскиот весник „Хрватска Данас“, кој нотира дека во македонското Министерство за одбрана има луѓе со длабоки лични, семејни, оперативни и политички врски со Република Србија.

Весникот посочува дека таков човек е Државниот секретар во одбрана, Драган Николиќ, син на бивш функционер на ЈНА, весникот пишува дека најблизок сорабтник на Шекеринска е Мирослав Стојановски, бивш капетан на ЈНА, за време на нападот врз Хрватска и окупацијата на Вуковар, обвинет за убиство на невини граѓани.

„Епицентар“ пишува и за Началникот на военото разузнавање, Горан Василевски, кој е човек поврзан со српската армија , што било пречка подолг период истиот да не добие безбедносен сертификат.

Како што пишува „Епицентар“, а образлагаат и хрватските медиуми е дали Македонија со таква структура на армијата ќе може да биде партнер на Алијансата, и дали во таков случај вистинскиот партнер, не би била всушност Србија.