ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Славните мајки откриваат како да се вратите во форма по породувањето

1 мин читање

Иако има многу трудници кои успеваат да ја одржат својата форма и да не качат многу килограми за време на бременоста, повеќето имаат спротивен проблем.

Сосема е очекувано во бременоста да качите неколку килограми и по породувањето да очајувате дека никогаш нема да се вратите на тоа што сте биле.

Голем број мајки се откажуваат и се навикнуваат на новата тежина, но има многу такви кои се упорни и наоѓаат начин да се вратат во форма.

Славните мајки секако, заради работата, но и желбата, мора да се потрудат, а речиси најголем дел од нив успеваат да станат и позгодни од тоа што биле.

Погледнете како славните мајки успеале во тоа и украдете некој трик:

Џенифер Лопез

Таа важи за една од најфит помеѓу славните, но ни таа не е имуна на дебелеење во бременост.

Но, по породувањето, во првите неколку месеци таа пешачела, а потоа почнала во тренингот да вклучува и трчање, пливање и велосипедизам.

slavnite-majki-otkrivaat-kako-da-se-vratite-vo-forma-po-poroduvanjeto-02.jpg

Хали Бери

Актерката качила 15 kg во бременоста, но била решена да си ја врати својата совршена фигура.

Таа јадела мали оброци на неколку часа и избегнувала пржена храна. Консумирала многу домашни супи, риба и лисести зеленчуци.

slavnite-majki-otkrivaat-kako-da-se-vratite-vo-forma-po-poroduvanjeto-03.jpg

Алесандра Амбросио

Јадењето мали порции, кафеав ориз наместо бел и многу салати ѝ помогнале на Амросио да го изгуби вишокот килограми по породувањето.

Таа ослабе 20 kg во 3 месеци по породувањето и се врати на модната писта многу набрзо.

slavnite-majki-otkrivaat-kako-da-se-vratite-vo-forma-po-poroduvanjeto-04.jpg

Џесика Алба

Актерката се здебелила 15 Kg во бременоста со едната ќерка, но по породувањето, во првата фаза почнала со 20-минутни вежби за затегнување на мускулите на абдоменот, а потоа на цело тело.

slavnite-majki-otkrivaat-kako-da-se-vratite-vo-forma-po-poroduvanjeto-05.jpg

Бијонсе

таа е една од ѕвездите кои уживаат во телото по бременоста, но не предолго и знае како да се грижи за себе.

Нејзината тајна за слабеењето вели дека е во доењето и им го препорачува на сите нови мајки бидејќи е добро како за нив, така и за бебето.

slavnite-majki-otkrivaat-kako-da-se-vratite-vo-forma-po-poroduvanjeto-06.jpg

Хајди Клум

Хајди била решена да ги изгуби килограмите што ги качила во бременота, а за тоа ѝ помогнале вњежбите на справа (веслачка машина), избегнување на алкохол, бел леб, скроб, одредени пвпшја и транс масти, кои ги заменила со брокула, карфиол, лосос, пилешко, печурки, белки од јајца, зрнеста храна и слично.

slavnite-majki-otkrivaat-kako-da-se-vratite-vo-forma-po-poroduvanjeto-07.jpg

Ким Кардашијан

Ким изгубила 30 Kg по породувањето со второто дете, а откри дека го постигнала тоа со аткинсова диета, која најмногу се состои во контрола на порции и исхрана со ниско ниво на јаглехидрати.

slavnite-majki-otkrivaat-kako-da-se-vratite-vo-forma-po-poroduvanjeto-08.jpg

Џесика Симпсон

Таа се здебели многу во бременоста, а многумина дури и ја критикуваа, но подоцна таа покажа дека може повторно да изгледа фит.

Таа вежбала 3 пати неделно и пешачела по 10.000 чекори на ден.

slavnite-majki-otkrivaat-kako-da-se-vratite-vo-forma-po-poroduvanjeto-09.jpg

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0