ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Спорт > Смолинг ќе добие нов договор од Јунајтед

Смолинг ќе добие нов договор од Јунајтед

Манчестер Јунајтед започна преговори со централниот дефанзивец Крис Смолинг за нов договор, објави „Дејли мејл“.

Сегашниот договор на поранешниот фудбалер на Фулам истекува на крајот од сезоната, но клубот има право да го продолжи за уште 12 месеци.

Сепак, од „Олд Трафорд“ одлучија да не губат време и повторно да потпишат со играчот, кој денеска полни 29 години.

Според изданието, новиот договор ќе биде за три сезони, а платата на Смолинг ќе се зголеми за 40.000 фунти неделно. Дефанзивецот сега ќе добие 120.000 фунти.

МИА