ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Општини > Снег на Попова Шапка

Снег на Попова Шапка

1 мин читање

На социјалните мрежи утринава се појавија фотографии од првиот снег месецов на Попова Шапка.

-Дали зимата ќе ни започне порано од очекуваното, се вели во коментарот објавен под фотографиите ка кои се гледа дека планината почнува да белее.

Од УХМР најавуваат дека денес во доцните попладневни часови може да се очекува дожд на пониските места и снег на планините.