ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Сопругата на директорот на ЕЛЕМ стана шефица на кабинет во Централен регистар

Сопругата на директорот на ЕЛЕМ стана шефица на кабинет во Централен регистар

1 мин читање

Александра Миновска, сопругата на директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски, од октомври минатата година е вработена како шефица на кабинет кај директорката на Централен регистар, Марија Бошковска-Јанковски, пишуваат медиумите. Вработувањето на Миновска доаѓа една година откако нејзиниот сопруг е именуван за директор на ЕЛЕМ, а два месеца откако Бошковска-Јанковски седна на директорското столче во Централен регистар.