Со нож им се заканувал на цела фамилија, полицијата пукала во воздух
На 14.12.2018 година околу 02,20 часот во село Волково, скопско, при семејна расправија, М.Г.(22) физички ги нападнал, а потоа излегол од домот и пред куќата со нож им се заканувал на неговата мајка, татко и брат.
По преземени мерки, од страна на двајца полициски службеници биле испукани куршуми во воздух заради предупредување, по што истиот бил совладан и приведен. Известен е јавен обвинител, а на М.Г. му е укажана лекарска помош од страна на Итната медицинска помош и во Клиника за токсилогија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок,
Ве молиме пратете не и стиснете лајк: