ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Спасовски и МВР да не спијат и да почнат да работат и да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на безбедноста на граѓаните во Тетово

Спасовски и МВР да не спијат и да почнат да работат и да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на безбедноста на граѓаните во Тетово

Поаѓајќи од демократските принципи на меѓусебното почитување, а во насока на создавање на здраво општество во кое секој ќе се чувствува безбеден и слободен, Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ има должност да реагира за инцидентот во неделата предизвикан од навивачката група Балисти.

Имено во неделата голем број граѓани меѓу кои мајки и деца беа сведоци на скандирање на навивачката група Балисти полно со говор на омраза и повикување на насилство, како и фрлање со камења и шишиња врз кафуле во кое се наоѓаа недолжни граѓани.

Со овој чин беше загрозена безбедноста на овие граѓани кои се наоѓаа на ул. Борис Кидрич и околните кафулиња.

Говорот на омраза и девијантното однесување преставуваат потенцијал за инциденти кои на крајот можат да однесат и човечки животи.

Исто така во текот на викендот според наши сознанија без никаква вина биле нападнати две малолетни лица од Тетово.

Ние како Тетовчани секојдневно се соочуваме со наши сограѓани кои што се загрижени за својата и безбедноста на своите деца во Тетово.

Почитувани граѓани, сведоци сме дека паролата “Живот за сите” е само празна фраза која што нема суштина а ветувањето ” Едно општество за сите” важеше се додека СДС не ја презеде власта.

Токму затоа ја користиме оваа прилика и ги повикуваме сите општествени чинители а особено владата предводена од СДС да престане со толерирање на девијантните однесувања во Тетово кои директно може да нанесат ненадоместливи штети во Тетово и на меѓуетничките односи.

Исто така го повикуваме ОЈО и министерот Оливер Спасовски да ги преземат сите неопходни мерки со цел откривање на сторителите и смирување на ситуацијата.

Исто така апелираме МВР превентивно да делува на теренот за да во иднина не си се случуваат вакви или слични инциденти кои можат да завршат трагично.

Тетовчани заслужуваат мирен и спокоен живот. Тетовчани заслужуваат безбеден град.