ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Спасовски и надлежните во најкус можен рок да излезат со комплетни детали за несреќата во која животот го загубија 15 наши сограѓани

Спасовски и надлежните во најкус можен рок да излезат со комплетни детали за несреќата во која животот го загубија 15 наши сограѓани

1 мин читање

Оливер Спасовски и МВР вчера признаа дека компанијата „Дурмо турс која е и сопственик на станицата за технички преглед „Авто мото здружение“- Гостивар работела непрописно и со недостатоци во работењето.

Воедно, Оливер Спасовски и МВР фатени живи се обидоа да ги излажат граѓаните дека извршиле увид на 4 април 2018 година и издале забрана за работење од 30 дена поради неисполнување на условите и чл. 8 од правилникот за технички преглед на возила. Според документот кој стигна до нас, јасно покажува дека решението од МВР за забрана на работа е издадено на 16 јули, односно три ипол месеци подоцна.

Тука се поставува прашањето: Кога е извршен надзорот и увидот и дали можеби ако навистина МВР во април го извршиле увидот во станицата, чекале 3 ипол месеци за да издадат забрана за работа? Дали можеби и тие 3 ипол месеци се работело незаконски?

Самиот овој податок покажува дека МВР нешто крие. До кога ќе кријат и ќе лажат од МВР, додека нас ни гинат луѓе по автопатите.

Спасовски за ова мора да поднесе оставка уште веднаш!

7 дена молк од страна на власта и надлежните органи за причините на катастрофалната несреќа во која животот го загубија 15 наши сограѓани. Спасовски и МВР цела недела не излегоа со јасни податоци кој е виновен за несреќата која ја зави државата и нас граѓаните во црно.

Една недела граѓаните немаат информации, што е причина за несреќата, ниту пак околностите во кои истата настанала. Јавноста се држи во целосен мрак, иако власта има обврска да го расветли овој случај во најкус можен рок.

Граѓаните бараат одговори  дали и зошто станицата за технички прегледи „Авто мото здружение“- Гостивар, чиј сопственик е сопственикот на „Дурмо турс “ откако и била одземена дозволата за работа од страна на МВР и била вратена за неполна недела, иако според закон тоа не можело да се случи за период пократок од 30 дена.

Спасовски и другите одговорни мора да сносат одговорност. Кој го потпишал решението за враќање на дозволата за работа, иако постоела сериозна законска пречка, но и дали се вршени регистрации во рокот кога техничкиот преглед немал лиценца?

Граѓаните очекуваат одговори наместо лаги. Спасовски и надлежните мора во најкус можен рок да излезат со комплетни детали за несреќата. Власта не смее да бега од одговори и одговорност.