ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Средношколци во Краљево навиваат и снимаат додека еден ученик тепа друг

Снимка со врсничко насилство кое се случило во Домот за ученици во средното техничко училиште во Краљево денеска е објавена на социјалните мрежи и покажува голема бруталност меѓу децата.

Снимката е направена во соба во Домот за ученици и на неа се гледа како еден тинејџер малтретира и удира врсник, додека неколку деца навиваат и сето тоа го снимаат со мобилен телефон.

На снимката се гледа како пониското дете моли насилникот да престане да го удира и со маицата си ја брише крвта.

Управникот на Домот за ученици Стево Новаковиќ изјави дека во средата дознал што се случило и оти денеска снимката се појавила на социјалните мрежи.

Известена била и полицијата и во придружба на психолог, насилникот и жртвата, но и децата кои навивале, денеска биле однесени во полициска станица за да дадат изјава.

– Очекувам повратна информација од полицијата. Детето никогаш не пријавило насилство. Никогаш не ми се пожалил ниту на мене, ниту на воспитувачките дека постои проблем. Известени се родителите на двете деца и очекуваме и тие да пристигнат, рече Новаковиќ за Танјуг.

Тој додаде дека кусо разговарал со детето кое е тепано и оти му рекло дека „тоа било шега“. И насилникот и жртвата имаат по 16 години, учат во втора година во Средното шумарско училиште во Краљво и во домот се во иста соба.

Во Министерството за образование велат дека се запознаени со случајот на врсничко насилство во Домот за ученици во Краљево и оти како и во други слични случаи, и во овој се „придржуваат до прописи и процедури“ водејќи сметка првенствено за децата.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0