Стоилковски: Неказнивоста за изборните нерегуларности само дополнително ќе ја закова Македонија на демократското дно
1 мин читањеЗоран Заев и власта се целосно делегитимирани. Македонија од петти мај
живее поинаква реалност од прожектираните платени политички журнали на
власта.
ВМРО-ДПМНЕ е релевантен политички фактор кој што ја има поддршката
во повеќе од половината општини во државата, но поддршка и од домашната и
од меѓународната јавност.
Македонија со сигурност нема иднина без право и правда и тоа е гласната
порака од овие избори. Власта знаејќи го тоа, продолжи пак со криминогените
делувања за криминогено системски да го минира демократскиот чин односно
изборите.
ВМРО- ДПМНЕ до Обвинителството ќе поднесе Кривични пријави за
нарушување на изборниот процес односно 12 Кривични пријави за организирано
гласање, поткуп на гласачи и за агитирање.
Почитувани,
ЈО мора да ги преземе конкретни чекори кон разоткривањето на
криминалните политики на власта против изборите.
Кривичните пријави се однесуваат:
За организирано гласање во Прилеп, во ромското маало Тризла.
Организирано се земани од дома, носени до избирачко место и повторно
гласачите се враќани дома, а постојат сериозни индиции дека зад тоа како
организатори стојат градоначалникот на Прилеп и владејачката СДСМ.
Ист случај е регистриран и во Градско, каде бело комбе со велешки
регистарски таблици цел ден разнесувал гласачи. За двете места има сериозни
индиции дека е делен и поткуп за време на транспортот.
Пoткyп на гласачи и организирано носење на гласачи Роми, со индиции за
поткуп, односно тешки изборни нepегуларности се регистрирани и во Штип.
Во Штип постојат злоупотреби на службена положба и нарепресивниот
апарат. Полицијата крши основни човекови права на граѓаните, претресува
возила на луѓе, во присуство на малолетни деца, додека на денот на избори се
објавуваа фото докази за непречен поткуп, за делење пари во неколку населби
во истиот град во Штип.
Шуто Оризари, Скопје. Активисти на владејачката партија организираат
транспорт на гласачи, има индиции за поткуп, а не изостана ни агитирање крај
избирачките места, транспорт на гласачи е организиран преку социјалните
мрежи од СДСМ.
Во Чаир, Скопје направен е тeжoк пpeкpшoк на изборниот процес,
политичка патија од власта организираше групно гласање на избирачко место
во училиштето „6 Ноември“. Изостана peaкциja и тоа и од Јавното oбвинитeлcтвo
и од пoлициjaтa.
Организирано носење на гласачи и индиции за поткуп е регистрирано и
во скопско Маџари.
Возила за организиран транспорт на гласачи со странски регистарски
таблички, како и сериозни индиции за вршење поткуп, регистрирани се и во
Ново Село, каде се одржуваа и градоначалнички избори.
Битола, поразот на изборите власта се обиде да го намали со
организирано заплашување на граѓани од разуздани групи луѓе, познати на
битолчани и на битолската полиција. Во пријавата се наведени и фото докази за
нивното делување и за нивните автомобили кои што кружеле низ градот на
денот на избори.
На избирачки места се фотографиран е изборен материјал, избирачки
ливчиња. Среде изборниот ден медиумите и социјалните медиуми објавуваат
фотографии од гласачки ливчиња, прешкртани или со допишани имиња.
Поттикнати од неказнивоста, но и од стравот од пораз, СДСМ преку свои
активисти за време на изборниот молк во скопска Гази Баба, каде СДСМ загуби
со над шест илјади гласови, се делат партиски материјали и се поставуваат
изборен банер!
Понатаму, градоначалникот на Општина Гази Баба од редовите на
СДСМ, на денот на молкот, сабота, 4 мај, со службен автомобил „Шкода
октавија“ ги посетува населбите Ченто и селото Синѓелиќ, агитирајќи
кај избирачи.
Почитувани,
Криминалот против изборите е сериозно дело кое што не застарува, а
неказнивоста за истите само дополнително ќе ја закова Македонија на
демократското дно. Очекуваме Обвинителите да се одважат и да отпочнат со
процес со кој што ќе се расчисти изборниот криминал.