Стојаноска: Богоевски нема кредибилитет да ги претставува граѓаните во законодавниот дом и веднаш мора да си поднесе оставка
Павле Богоевски мора да си поднесе оставка како пратеник и тоа веднаш.
Тоа е најмалку што може да стори од морални причини. Само на тој начин
Богоевски ќе докаже дека има намера да остави истрагата против него да се
одвива непристрасно и без влијанија.
Павле Богоевски веќе нема кредибилитет да ги претставува граѓаните во
законодавниот дом. Постојат сериозни сомненија дека конзумира наркотици и
можно е одлуките кои ги носи да се под влијание на недозволени супстанци.
Павле Богоевски со своето однесување сериозно го нарушува и кредибилитетот
на Собранието.
Богоевски вчера призна дека извршил кривично дело, купувајќи
недозволени супстанци.
На снимка која излезе на интернет се слуша Богоевски, кој како што
пишуваат медиумите нарачува половина грам кокаин.
Дали набавувал кокаин или нешто друго, не ја менува суштината.
Богоевски извршил кривично дело и беше откриен преку свиркач.
Срамен е обидот Богоевски да прави притисок околу документирањето и
обелоденувањето на неговите незаконски активности. Доколку се залага за
правда и правна држава треба да каже од кого набавувал нелегални супстанци и
дали препродавал. Треба да каже дали конзумира тешки или лесни дроги и дали
овозможува и други лица да конзумираат наркотици. Треба да приложи листинг
од телефонот за да се проверат детално сите комуникации.
Почитувани,
Тој вчера де факто призна дека од позицијата пратеник во Собранието на
Република Македонија континуирано во период од неколку месеци врши
купување и посредништво при купување на наркотици.
Доколку Богоевски беше чист и немал користено наркотици, сигурно уште
вчера јавно ќе извршеше наркотест.
Почитувани,
Богоевски со купување на недозволени супстанци, макар бил и половина
грам за 2.500 денари, извршил кривично дело – Неовластено производство и
пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори
од чл.215 ст.1 од КЗ, за кое е пропишана казна затвор од 1 до 10 години.
ЈО треба веднаш да покрене истрага против Богоевски, а Собранието
мора да воведе посебни контроли за користење на наркотици.
Доколку Богоевски се обидува да глуми дека не го гледа овој скандал,
очекуваме Зоран Заев, кој го стави на пратеничка листа, да се фати за метлата
што ја вети, да си го повика и да побара оставка. За да нема оправдувања дека
му фалела метла, оваа ќе му ја оставиме пред Собранието за да си го измете
Богоевски од законодавниот дом.