ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести од светот > Страџeн бара одржување нов референдум за Брегзит

Страџeн бара одржување нов референдум за Брегзит

1 мин читање

Шкотската прва министерка Никола Старџен синоќа побара проширување на членот 50 од Договорот за ЕУ, со што би се одредил рок од две години за излез на Велика Британија од Унијата, како и одржување нов референдум за Брегзит.

– Повеќе не можеме да губиме време. Време е да го запреме одбројувањето на часовиникот и да го спречиме секој ризик за истапување на Велика Британија (од ЕУ) без договор на 29 март, изјави Старџен, откако синоќа британскиот Праламент не го усвои Договорот за Брегзит постигнат меѓу Владата во Лондон и Брисел.

Како што јави Би-Би-Си, Страџен оцени дека Парламентот во Лондон имал две и пол години по референдумот за Брегзит, но сепак не успеал да постигне „употреблив“ договор за истапување на Велика Британија од ЕУ.

– Време е за тоа граѓаните да решат на нов референдум, истакна Старџен, нагласувајќи дека британската премиерка Тереза Меј не смее да се однесува „како ништо да не се случило“.

Долниот дом на британскиот Парламент синоќа со 432 гласа „против“ и 202 „за“, го отфрли Договорот за истапувањето на Велика Британија од ЕУ.

По ваквата одлука на Парламентот, Меј изјави дека го слушнала мислењето на Парламентот, но дека е битно да се слуша и волјата на британскиот народ.

– Јасно е дека Парламентот не го поддржува овој договор. Но, гласањето не ни кажува што поддржува. Тоа не ни кажува како или дали воопшто (Парламентот) има намера да ја почитува одлуката што бритинскиот народ ја донесе на референдумот (за Брегзит), нагласи Меј.

Британските медиуми оценуваат дека сега Владата на Меј има време до понеделник да пронајде „план Б“ за Брегзитот, предвиден за 29 март.

Доколку не биде пронајдено друго решение, можно е Велика Британија да ја напушти Унијата без договор за идните односи меѓу двете страни, што предизвукува неизвесност и стравувања од можен хаос.

МИА