ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Македонија > Тешка сообраќајка во Гостивар, повредени пет лица

Тешка сообраќајка во Гостивар, повредени пет лица

1 мин читање

M4034S-4211

Пет лица, меѓу кои и дете се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на крстосницата на ул.„101“ со ул.„ЈНА“  во Гостивар.

Несреќата се случила помеѓу патничко моторно возило „хјундаи санта фе“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.А.(46) од Гостивар и патничко моторно возило „рено трафик“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Х.(40) од Гостивар.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Х., а со телесни повреди се здобиле две сопатнички од возилото „хјундаи санта фе“, Д.А.(44) и 13 годишна малолетничка и уште две сопатнички од другото возило, С.Б.(39) и С.М.(61), сите од Гостивар, велат од МВР.

Тие биле пренесени во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарски помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.