ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Тешко повреден пешак од Штип

На 21.11.2018 година во 15:50 часот било пријавено дека во Штип на крстосницата на улиците „Ванчо Прке“, „Јосиф Ковачев “ и „Кирил и Методиј“ патничко возило „Фолксваген Голф“ со штипски регистарски таблици, управувано од А.Ј.(63) од Штип  удрило  во пешакот Д.С.(68) од Штип.

Д.С. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото извршила екипа од СВР Штип и се работи на целосно расчистување на случајот.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0