ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Живот и Стил > Тие биле неговата најголема поддршка: Спортистот им ги отплати сите долгови на своите родители, нивната реакција е бура од емоции

Тие биле неговата најголема поддршка: Спортистот им ги отплати сите долгови на своите родители, нивната реакција е бура од емоции

1 мин читање

Брејди Сингер има 22 години и годинава дебитираше во американската бејзбол лига како 18. пик на драфтот за Канзас Сити Ројалс.

Освен што веднаш покажа резултати, Сингер за потпишување на договорот доби  и 4.25 милиона долари бонус.

Но Сингер, како што самиот вели, немало да стигне тука ако не биле неговите родители – тие што го носеле на натпреварите, тие што му купиле опрема, тие што секогаш правеле куп жртви за тој да го достигне својот сон.

Па ете, за првиот Божиќ откако има своја пристојна паричка, Сингер решил тој да направи нешто за нив.

Па така, им пишува писмо со благодарност во кое ги известува дека им ги платил сите долгови и кредити. Плус, моментот е овековечен во видео.

Surprise Christmas Present

Royals pitcher Brady Singer surprises parents with incredible Christmas gift. I'm not crying, you're crying. (Via Brady Singer/Twitter)

Gepostet von ESPN Houston am Mittwoch, 26. Dezember 2018