Три дена култура понудија средношколците од „Арт Хаус Карев“
1 мин читањечилишната организација „Арт Хаус Карев“ од СУГС „Никола Карев“ годинава својот средношколски фестивал „Три дена култура“ поради пандемијата го префрли целосно онлајн.
Средношколците од 21 до 23 април во третото фестивалско издание објавуваа изложби, филмови, интервјуа и музички настапи, а содржините ги пренесуваа преку социјалните медиуми.
Во продолжение, погледнете дел од содржните:
Дигитална изложба – 1 дел:
„La vie en rose“ е филм во режија и сценарио на Емилија Динева. Таа е втора година во средно училиште, во СМУГС Панче Караѓозов:
„Хипохондрик“ е кратко филмче напишано и режирано од Леона Јариќ, снимено во еден ден:
„Audiovisuel autoportrait“ е кратко ама слатко филмче режирано и напишано од Марија Гушкова:
„П.А.С.“ е филмски проект поддржан од СУГС гимназија ,,Никола Карев” и е режиран од Софија Павловска и Филип Китевски:
„Вања“ е филм кој доаѓа од Прилеп, поточно е во режија и сценарио на Давид Стојаноски кој е средношколец во прилепската гимназија „Мирче Ацев“:
Дигитална изложба – втор дел:
Интервју со Валентино Апостоловски, кореограф и танчер:
Интервју со Ивана Балабанова, ксопственик на Беатрикс- културно уметнички центар:
Дигитална изложба – трет дел:
„Go without you“ – Надица Христовска:
Кавер на „Му boy“ од Били Елиш од Надица Христовска, која има 17 години и учи во Државното музичко училиште – Битола:
Ангела има 17 години и доаѓа од „Јахја Кемал“ – Карпош. Таа спреми изведба на три песни и тоа: „Space Oddity“ од Дејвид Боув, „Еве ме пак“ од Александра Јанева и „All I Ask“ од Адел.
Кирил Тројачанец – „Impressions“.
Kирил е поранешен ученик на СУГС гимназија ,,Никола Карев” и сега е психолог и психотерапевт. Рекреативно се занимава со музика:
Никола Даскалов е четврта година во СУГС гимназија „Орце Николов”. Оваа е изведба на песните: „Painkiller“ и „Blur“:
Серафина Горбашлиева има 17 години и доаѓа Струмица. Учи во СОУУД ,,Димитар Влахов” Струмица. Ја изведува песната ,,Со маки сум се родила”:
Кристијан Богоев има 16 години и учи во СУГС гимназија „Георги Димитров“. Ова е негова авторска песна:
Владимир Лукаш беше еден од специјалните гости на фестивалот. Тој е музичар, ликовен уметник и поет. Еве негова импровизација. Оваа изведба тој ја нарекува „Карантинска балада“:
„Реплика“ е нов бедн кој го сочинуваат: Илина Митревска, која е пејачка. Григори Ангелов – свири на саксофон, Огнен Златанов – гитара и Итан Георгиев – бас. Сите доаѓаат од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“:
Ова е бенд составен од Владимир Бичковски – гитара, Филип Поповски – бас, Моника Ставревска- вокал, Сара Ташкоска-вокал и Андреј Лалчевски – вокал. Моника и Сара се бивши ученици на СУГС гимназија ,,Никола Карев”. Бендот е специјално создаден за овогодинешниот фестивал:
Изведба на „Dreaming“ од „Кисмет“:
Интервју со Енко и Сецко од „Last expedition“:
Христијан Тасевски и Теа Пејиќ за вас ја имаа спремено „People are strange“ од „The Doors“:
Ова е песна од бенд од „Сан Франциско“ кој се пријави за фестивалот. Меѓу музичарите има и поранешна ученичка на „Никола Карев“:
Ова е Михаил Мирчевски кој учи во СОСУ „Илинден“ и има 19 години: