Три жени прободени со нож во Нирнберг, нема докази за тероризам
Три жени се избодени со нож во одвоени напади во јужниот германски град Нирнберг, а германската полиција истражува дали тие инциденти се поврзани.
Полицијата наведува дека нема индиции оти нападите се поврзани со тероризам.
Нападите се случиле синоќа меѓу 19:20 часот и полноќ, по локално време.
Сите три жени, на возраст од 56, 34 и 26 години, веднаш се оперирани по пристигањето во болница. Нивната здравствена состојба засега не е позната.
Полицијата вели дека жртвите дале различен опис на нивните напаѓачи.
Ве молиме пратете не и стиснете лајк: