ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Македонија > Тројца тинејџери уапсени во Тетово поради поседување на марихуана

Тројца тинејџери уапсени во Тетово поради поседување на марихуана

На 25.02.2019 околу 12:30 часот на улица „Предраг Јанчевски“ во Тетово од слобода се лишени две 17 –годишни лица од тетовското село Теарце.

При преглед кај нив, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана.

Двајцата се задржани во полициска станица. Исто така, на 25.02.2019 околу 18:30 часот на улица „120“ во Тетово од слобода бил лишен И.Д.(18) од Тетово.

При преглед кај него полициски службеници пронашле и одзеле марихуана.

И тој бил задржан во Полициската станица Тетово. По целосно документирање на случаите против трите лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.