ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Тужбата на Вице Заев кон мене е нон-сенс и политички притисок врз ВМРО-ДПМНЕ

Тужбата на Вице Заев кон мене е нон-сенс и политички притисок врз ВМРО-ДПМНЕ

1 мин читање

Вице Заев ме тужи за нарушена чест и углед, како што видовте внатре денеска тој не се појави на подготвителното рочиште и прати свој адвокат. Јас решив да се бранам сам затоа што сметам дека немам потреба од адвокати и правна помош затоа што тужбата е класичен „нон-сенс“ и е исклучително политички притисок, ова денеска пред Основниот суд Скопје 1 го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Вице Заев ме тужи за нарушен чест и углед затоа што сум кажал дека „про НАТО и про ЕУ вредности не се наместени тендери, бизниси за членови на фамилијата и братот на премиерот кој што станува главен бизнис фактор во државата“, во телефонско јавување во еден медиум и сум кажал дека „и во Брисел и во Вашингтон, тоа не се про Западни, про НАТО и про европски вредности“. Ова е причината зашто го малтретираме судот, зашто се трошат средства, зашто се одзема и вашето време и моето време, но очигледно пораката е друга, пораката на главниот бизнис фактор во државава е до сите бизнисмени во државава да размислат дека ако може главниот бизнис фактор во државава да го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, вториот човек на опозицијата, што може да им се случи на нив, потенцираше Николоски.

Тој додава дека верува во правниот систем на државата и на следното главно рочиште ќе ги видите и доказите кои што ги имам приложено и соодветно на тоа очекувам судот да го отфрли ова барање, односно да не ја прифати тужбата.

-Во однос на притисоците од власта повикувам да престанат, ова е една лоша практика која не смее да продолжи да се случува. Сакам да ја потсетам јавноста дека поради ваквите чести случувања во координација и на власта и опозицијата пред неколку години се донесоа измени на законот за клевета, кој што ја опишува слободата на изразување во кој што јасно ставивме граници со цел за да вакви „нос-сенс и глупави“, нема друг збор пријави не се случуваат, но за жал од СДСМ решаваат тоа да не го почитуваат, додаде Николоски.

Вели дека Вице Заев од неговата изјава чувствувал вознемиреност, главоболки, потење и црвенило на лицето.

Следното рочиште е закажано за 26 февруари во 12:30 часот.

ИЗВОР: Курир