ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Регион > Турција воведува такса за безбедност на некои аеродроми

Турција воведува такса за безбедност на некои аеродроми

Турските власти одлучија од 1 јануари на голем број аеродроми во земјата да воведат такса за безбедност во износ од 1,5 или едно евро, објави информативниот портал „Хаберлер“.

Цената ќе ги засегне патниците кои пристигнуваат од странство.

Претходно, Главната управа на турските аеродроми најави планови за воведување такса од три евра по патник. По разговорите меѓу министерот за култура и туризам Мехмет Ерсој и министерот за транспорт и инфраструктурата Џахит Туран беше одлучено таксата да изнесува 1,5 и едно евро за различни аеродроми.

Такса од 1,5 евро ќе биде воведена на аеродромите во Адана, Газиантеп, Кајсери, Трабзон, Хатај и Ерзурум. Едно евро ќе биде таксата на повеќе помали аеродроми.

Новата такса се однесува само на аеродромите со кои управува Главната управа на аеродромите на Турција. Аеродромите во туристичките дестинации како што се Анталија, Аланија, Истанбул, Измир и Анкара не спаѓаат во опсегот на таксата, затоа што со нив управува операторот ТАВ.