Убиени тројца напаѓачи и полицаец при ослободување на заложници
1 мин читањеЕден полицаец и тројца напаѓачи се убиени во денешната операција на авганистанските безбедносни сили во Кабул, при што се ослободени и 260 луѓе, кои беа заложници на екстремистите.
-При нападот врз неколку административни згради во Кабул, повредени се тројца полицајци и еден цивил, изјави полицискиот портпарол Басир Муџахид.
Силите за безбедност продолжуваат да го пребаруваат реонот од екстремисти и да ослободат евентуални заложници.
Нападот почна со активирање на автомобил бомба, потоа екстремистите отворија оган и влегоа во административните згради земајќи заложници.
Засега се уште никој не презе одговорност за нападот.
Тоа е 22 напад во Кабул од почетокот на годината, при што вкупно загинаа над 510 луѓе, а повредени се повеќе од илјада.