саб. Ное 28th, 2020

ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Ударна вест во Албанските медиуми – Трамп ќе присуствува на состанок помеѓу Белград и Приштина во Белата Куќа

Состанокот помеѓу Србија и Косово го најави потпаролот на Трамп Ричард Гренел

Средбата во Белата куќа помеѓу Србија и Косово би можела да се одложи за два дена, за да може американскиот претседател Доналд Трамп да учествува на неа,
пишува Гезета експрес.

Дипломатски извори посочуваат дека состанокот може да се одложи до 4 септември.

Средбата помеѓу Србија и Косово ја најави потпаролот на Трамп, Ричард Гренел, а истата ја организира советникот на претседателот за национална безбедност, Роберт О’Брајан.

Пред неколку дена, канцеларијата на О’Брајан потврди за „Газета експрес“ дека српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти ќе учествуваат на состанокот.

Досега се шпекулираше дека Србија и Косово би можеле да постигнат различни видови на договори во Белата куќа, а можноста за конечен договор што е спомената,
претседателот Вучиќ одлучно ја негираше.

Премиерот Хоти рече дека на средбата во Белата куќа, тие ќе разговараат за „големи проекти на економска соработка што ќе ја променат економската перспектива на Косово и регионот“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ исто така рече дека Србија учествува во разговорите за економски прашања.

Средбата помеѓу Косово и Србија во Белата куќа првично беше закажана за 27 јуни, но беше откажана откако Хашкото специјално обвинителство објави дека поднело
обвинение за воени злосторства против косовскиот претседател Хашим Тачи.