Украдени личните документи на Периќ: Вардар нуди награда за пронаоѓачот
1 мин читањеВардар и преку социјалните мрежи ги бара украдените лични документи на тренерот на голманите Дејан Периќ и понуди награда за тој што ќе ги пронајде.
На тренерот на голманите на РК Вардар, Дејан Периќ му се украдени личните документи и лаптопот. Од клубот и преку социјалните мрежи се обидуваат да го пронајдат крадецот.
„На нашиот тренер на голмани Дејан Периќ му се украдени личните документи и преносниот компјутер.
Бидејќи истите се од голема важност за тренерот, но и екипата доколку некој има информација или истите ги најде го молиме да пријави во полиција или пак во РК Вардар.
Ако имате информација контактирајте не на: contact@rkvardar.com
За чесниот пронаоѓач СЛЕДУВА НАГРАДА“.