Улиците во Скопје се претвараат во лизгалишта, властите не очекувале снег
1 мин читањеСнегот во Скопје кој започна да врне попладнево веќе почна да создава проблеми за возачите и пешаците.
Граѓаните се жалат дека никој не фрла сол, нема машини кои во ваква ситуација веднаш треба да излезат на терен и да го расчистуваат. Тие коментираат дека властите и годинава очигледно се неподготвени за снежни врнежи.
По улиците се вози споро и крајно внимателно. Засега е исчистено само по Партизанска до Влае.
Граѓаните стравуваат дека ако продолжи да врне со овој интензитет , а температурите паднат под нулата, учиците ќе замрзнат, а тоа ќе направи дополнителен прблем во сообраќајот.
Тие апелираат што побрзо да се излези на терен и да се рсчистува етапно, најпрво сообраќајниците, а потоа и тротоарите.
Какво утро ќе дочекаат скопјани останува да видиме?
Извор: skopje1.mk