ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Уставен суд ја одложи седницата за Законот за банки а штедачите на Еуростандард банка paзoчарани

1 мин читање

Во него се наведува и хронологијата на одлуките на Уставен суд. Притоа се вели дека иницијатива за укинување на членот 163 став 3 од законот за банки, повторно бил ставен на дневен ред како втора точка од шест точки на последната седница која се одржа на 25 март годинава.

На таа седница се случи пресвртот кога повторно почна дискусијата за точката, и на таа дискусија од страна на еден од судиите кој претходно гласаше против, д-р Осман Кадриу го промени својот претходен став во врска со иницијативата и практично ја најави пресвртницата за решавање на оваа неправда врз штедачите. Потоа требаше да следи гласање и донесување нова одлука и доколку тоа се направеше резултатот ќе беше пет судии за прифаќање и три судии против прифаќање на иницијативата, но пред да се случи тоа судијата, претседателот Сали Мурати ја прекина седницата со наведување на причина дека мора да оди на состанок кој претходно го најавил, по што истата се одложи не за една недела како што е пракса, туку за две недели или 7-ми Април.

-За да стане сомнежот уште поголем, новозакажаната седница се одложи повторно, овојпат на неопределено време и тоа еден ден пред закажаната дата. Официјална причина за одложувањето овојпат е ширењето на корона вирусот и новите мерки кои сепак не ја одложија работата на другите институции во државата слични на оваа, велат од Здружението на оштетени штедачи на ЕСБ, кои како што велат, очекуваат дека уставните судии сепак ќе најдат можност и време најитно да заседаваат и да ја продолжат прекинатата седница за член 163 став 3 од Законот за банки.