Фолксваген го презема Ред Бул
Според поранешниот сопственик на Ф1 тим и моментален новинар на ББЦ, Еди Џордан, Фолксваген е блиску до превземање на тимот на Ред Бул.
Џордан, кој со целосна точно го предвиди преминувањето на Луис Хамилтон од Мекларен во Мерцедес, тврди дека во таков договор помеѓу Фолксваген и Ред Бул, Германците ќе произведат свој мотор, но Ред Бул би останал како главен спонзор. Тимот би користел мотори на Ферари до 2018 година, кога моторот на Фолксваген би бил готов.
Сопственикот на тимот на Ред Бул, Дитрих Матешич – за кој Џордан вели дека се согласил за договор со Претседателот на одборот на Фолксваген, Мартин Винтеркорн – потврди во текот на вчерашниот ден дека моменталниот договор со Рено дефинитвно ќе заврши на крајот на сезоната.
Претходниот претседател на одборот на Фолксваген, Фердинанд Пич, беше голем противник на учество во Формула 1 за германската марка, но истиот даде оставка во Април.
Додека повеќето ширум падокот се скептици за ваков договор, тимски шеф на еден од ривалските тимови вели дека тоа е повеќе од можно, бидејќи таков пресврт на настаните би им дозволило на Ред Бул да го намалат своето учество во спортот без да го прекршат билатералниот договор со кој гарантираат учество во Формула 1 до 2020 година. Тоа исто така би им дозволило на Фолксваген доволно време да ја развијат агрегатната единица и да влезе во спортот под еден од своите брендови: Ауди, Порше, Ламборџини, Бугати, Бентли, Сеат или Шкода.
Ред Бул и Фолксваген во моментов имаат партнерство во Светскиот Рели Шампионат, каде Ред Бул го спонзорираат автомобилот на Себастијан Ожие, кој освои 3 последователни шампионски титули.