ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ФОТО: Роналдо го бодреше Ѓоковиќ од трибините

1 мин читање

Еден од најголемите тениски спектакли на годината, Завршниот Мастерс турнир во Лондон и оваа сезона го привлече вниманието кај светската јавност, а арената „О2“ е полна со познати личности од сите свери.

Синоќа, првиот рекет на АТП, Новак Ѓоковиќ без многу пот го среди Џон Иснер и ја запиша првата победа, а од трибините поддршка добиваше и од најдобриот фудбалер на Јувентус, Кристијано Роналдо.

По мечот новинарите ја искористија можноста и го запрашаа Ноле да го заприметил португалскиот ас на трибините, по што следуваше одговор во негов стил.

-Вечерва, мојата опрема беше во боите на неговиот клуб. Сигурен сум дека му беше пријатно да ме гледа“, се пошегува Ѓоковиќ и продолжи: „Навистина е фантастично кога една така голема фудбалска ѕвезда и спортска икона, гледа тенис. Често иди на нè гледа, и тоа е добро за овој спорт. Немав прилика да се видам со него по мечот, се надевам дека тоа ќе се случи на наредните натпревари“, заврши српскиот тенисер.

Во второто коло Ѓоковиќ ќе се сретне со Александар Зверев, кој вчера исто така славеше победа над Марин Чилиќ.

Извор: gol.mk

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0