ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести од светот > Хаос во Лондон: Мавташе со мачета на станица, а потоа го срушија со електрошок

Хаос во Лондон: Мавташе со мачета на станица, а потоа го срушија со електрошок

1 мин читање

Маж (59) беше уапсен во Лондон поради сомневања за обид за убиство откако мавташе со мачета на железничката постојка во јужниот дел на Лондон, се наведува во извештајот на „Би-би-си“.

Полицијата во понеделникот околу 18:30 часот доби пријава за еден човек кој има многу голем нож и се наоѓа на Тулс Хил.

Сведоците опишаа дека на постојката владеел „хаос” и дека луѓето врескале од страв сè додека полицијата не го уапсила мажот.

На видеоснимките се гледа дека полицајците користеа електрошокер и притоа го приковаа човекот за подот. Подоцна тие го фатија и го уапсија.

Иако 59-годишникот беше виден како мавта со оружје, за среќа немаше повредени. Полицијата смета дека инцидентот не е поврзан со тероризам.