ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести од светот > Хаос во САД: Поради невреме откажани летови и блокирани патишта

Хаос во САД: Поради невреме откажани летови и блокирани патишта

1 мин читање

Снежната олуја во некои подрачја на американскиот Среден запад довеле до откажување на голем број на летови и до лизгави патишта за оние кои по викендот за „Денот на благодарноста” се враќале дома.

Подрачјето во Чикаго побелело, со околу 30 центиметри снежна покривка, а на аеродромот “О’Харе” паднале 10 центиметри, додека на аеродромот Мидвеј биле измерени 12,5 центиметри снег, пренесува “AP”.

Поради невремето од полноќ во понеделник до 10 часот наутро биле откажани 809 летови, а во неделата биле откажани 700 летови.

На Мидвеј од полноќ биле откажани 69 летови, додека во неделата биле откажани 123 летови. Снежното невреме зафатило и делови од Мичиген, што довело до отежнати услови за возење.

Полицијата морала да одговори на десетина судири кои се случиле во подрачјето Лансинг, главниот град на Мичиген. Службениците предупредиле дека патиштата се замрзнати и прекриени со снег, па апелирале до населението да не вози освен ако не станува збор за итна ситуација.

Гувернерот на Канзас, Џеф Колијер, во неделата прогласил вонредна состојба, бидејќи во некои делови на државата паднале 36 центиметри снег. Неколку патишта останале затворени и во понеделникот, во главно на североистокот на државата.

Патиштата во Небраска и јужните делови на Ајова се прикриени со снег и мраз и денес, иако снежната олуја веќе завршила.

Делови од југоисточен Висконсин биле прекриени со околу 23 центиметри снег.