ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Хјустон и Кармело Ентони пред разделба

1 мин читање

Десеткратниот учесник во „Натпреварот на ѕвездите“, Кармело Ентони го одигра последниот натпревар за Хјустон Рокетс.

Според американските медиуми, тренерот на „Ракетите“ Мајк Д’Антони видел доволно и нема повеќе да  смета на 34-годишното крило, кое помина во тимот од Тексас во текот на летото по неуспешна сезона во Оклахома Сити.

Ентони одигра само 10 дуели во дресот на Хјустон, забележувајќи 29,4 минути и 13,4 поени по натпревар.

Генералниот менаџер на тимот, Дерил Мари негираше дека клубот веќе се ослободил од Мело, но призна дека се разгледуваат сите можни варијанти.

Ако Ентони биде ослободен, најверојатно тој ќе премине во еден меѓу тимовите на Лос Анџелес Лејкерс или Бостон Селтикс.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0