ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Спорт > Челзи подготвен да плати 70 милиони фунти за Иско

Челзи подготвен да плати 70 милиони фунти за Иско

1 мин читање

Премиерлигашот Челзи покажува интерес за ангажман на фудбалерот од средниот ред на Реал, Иско, објавија британските медиуми.

Се претпоставува дека Лондонскиот клуб денес ќе понуди 70 милиони фунти за овој трансфер. Во случај Реал да ја прифати понудата, Иско ќе заработува 250 илјади фунти неделно.

Претходно интерес за шпанскиот репрезентативец пројавија Манчестер сити, Арсенал и Јувентус.

Дваесет и шестгодишниот Иско во тековната сезона одигра 17 натпревари за Реал и постигна четири гола со една асистенција.

MИА