ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести од светот > Чудо спречи голема трагедија: Новороденче спасено од одводен канал

Чудо спречи голема трагедија: Новороденче спасено од одводен канал

1 мин читање

Спасувачи во јужноафриканскиот град Дурбан по тричасовна акција успеале да го спасат малото новороденче од одводен канал, јави Би-би-си.

Минувачи го слушнале плачот на бебето и се обратиле до надлежните служби.

За да можат да стигнат до бебето, спасувачите ја ископале површината околу одводниот канал.

Болничарите веднаш го прегледале новороденчето и го пренеле во болница во Дурбан.

Лекарите изјавија дека бебето има блага хипотермија, губиток на телесна топлина, и дека имало неколку модрици и посекотини.

Полицијата спроведува истрага за тоа како девојчето дошло во градскиот одвод и кои ѝ се родителите.