Шилегов го кандидирал Скопје за најзелен европски град?!
1 мин читањеГрадот Скопје се кандидирал за „Зелена престолнина на Европа 2021“ (European Green Capital).
На овој конкурс се пријавиле уште осум градови од европски земји: Будимпешта (Унгарија), Каљари (Италија), Дижон (Франција), Лахти (Финска), Лил (Франција), Стразбур (Франција), Тирана (Албанија) и Вастерас (Шведска).
Добитник на наградата за „Зелена престолнина на Европа 2020“ е Лисабон.
Оваа европска награда се доделува веќе 11 години и тоа на европски град што е со над 100.000 жители и којшто се покажал како лидер во животната, социјална и економска одржливост.
Од друга страна, нашиот град кој аплицирал за оваа награда е далеку од лидер во животната средина, но секако убедливо може да се кандидира во светска конкуренција за најзагаден град.
Од Градот Скопје, не добивме коментар за оваа нивна амбициозна и далеку од разбирлива одлука.